Откако пред две години го прослави „златниот јубилеј“, познатиот ракометен турнир во Струга ја продолжува традицијата на најстарата спортска манифестација во Македонија. Годинава од 14 до 17 август по 52. пат отвореното ракометно игралиште покрај „Женската плажа“ во Струга повторно ќе биде местото каде ќе се темпира формата за новата сезона, но и ќе се борат екипите за престижниот трофеј.
Организаторот на традиционалниот Струшки турнир ги објави официјалните лица, односно судиите што ќе ја делат правдата и делегатите на деветте натпревари.
На отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај „Женската плажа“ во Струга, правдата ќе ја делат четири судиски двојки.
Станува збор за Митревски – Тодоровски, Андонов – Јовановски, Георгиевски – Георгиевски и Јанкулоски – Јованоски.
Меѓу делегатите ќе бидат Камер Металари, Душко Камишевски, Славчо Каланоски и Марјан Огњановски.
Дознајте ги сите новости поврзани со 52. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.
,
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…