Организаторите на Струшкиот турнир ги започнаа подготовките за 52. издание на традиционалниот турнир, еден од најстарите во Европа.
Оваа година на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе играат шест екипи – три македонски и три странски.
Покрај домаќинот Струга, честа на Македонија ќе ја бранат и актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, како и амбициозниот Тиквеш од Кавадарци.
Дополнително ќе бидат познати трите екипи од странство што ќе го збогатат новото издание на Струшкиот турнир.
Натпреварите ќе се играат од 14 до 17 август.