Второто засилување за амбициозниот проект на Охрид е словенечкиот среден бек Тилен Стрмљан.
Тој се обврза на договор со „гладијаторите“ до 2027 година, а по потпишувањето на договорот ги сподели импресиите.
„За Охрид се одлучив затоа што слушнав многу добри зборови и за клубот и за навивачите овде и едвај чекам се да почне. Ќе биде многу тешка лига, голем број тешки натпревари, ќе направиме се за да добиеме што повеќе бодови и на крај ќе видиме до каде ќе стигнеме. Слушнав многу добри зборови за Охрид, за навивачите овде, сакам само да не поддржат во што поголем број и се гледаме следната година“, изјави Стрмљан.
Покрај Стрмљан, Охрид го промовираше и десниот бек Предраг Вејин, како и тренерот Борис Ројевиќ, а наскоро се очекува промоцијата и на другите засилувања.