Македонија без Стојановски и Шулески на вториот тест против Хрватска

Машката младинска репрезентација на Македонија ќе биде уште повеќе ослабена на втората контрола против силната Хрватска.

На првата средба против овој ривал повреди заработија левото крило Марио Стојановски и средниот бек Славчо Шулески.

Стојановски го повреди зглобот, додека Шулески доби удар во квадрицепсот и тие двајца ќе го пропуштат денешниот натпревар.

Во конкуренција останаа 16 ракометари кои денеска ќе добијат шанса за настап против бронзената селекција од последното кадетско СП.

Од претходно селекторот Стојановиќ остана без повредените Субашевски, Петковски, Ристевски, Андреј Стојановски…Галевски и Карасманакис се со А селекцијата, додека Митев е со кадетите.

На првиот натпревар Македонија и Хрватска ремизираа, 28-28. Овој двомеч е дел од подготовките пред настапот на ЕП во Словенија во јули.