Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, го објави списокот на ракометари за претстојниот настап на „Трофеј Карпати“.
Стојановиќ смета на 18 ракометари за овој турнир и трите пријателски натпревари против домаќинот Романија, Саудиска Арабија и Словачка. На списокот нема изненадувања и главно тоа се имиња на кои Стојановиќ сметаше и за претходните акции.
Камбек во националниот состав има за десниот бек Христијан Стаменковиќ, кој не играше на кадетското СП, а прв повик има за Никола Ристески од Охрид.
Оваа акција ќе ја пропуштат повредените крила – Дамјан Субашевски и Александар Петковски.
Овие натпревари се дел од подготовките за настапот на Европското првенство за младинци во Словенија следното лето.Собирот на младинците ќе биде на 13 декември во 22:30 часот, а за Романија се тргнува веднаш потоа.
„Трофеј Карпати“ ќе се одржи од 15 до 17 декмеври.