Тимот на Тримо Требње каде што тренер е Раде Стојановиќ победнички го заврши вториот круг од словенечкиот шампионат.
Тримо славеше на гостински терен кај Рибница со убедливи 34-25 во шестото коло од разигрувањето за полуфиналето во плеј-офот.
Тимот од Требње го освои второто место од групата Б, а тоа за ривал го носи првопласираниот од групата А – амбициозниот состав Слован Љубљана предводен од Урош Зорман.
Во другото полуфинале ќе играат Целје и Горење Велење, а сериите се играат до две победи.
Тримо и Слован ќе ги вкрстат копјата на 17 и 21 мај, а доколку има потреба од трет натпревар, односно мајсторка, тој ќе се игра на 24 мај во Љубљана.