Стојановиќ и Тримо победнички го започнаа вториот дел од сезоната

Екипата на Тримо Требње, која е предводена од македонскиот стратег Раде Стојановиќ, со победа го започна вториот дел од тековната сезона.

Тримо Требње во натпревар од 18. коло од словенечкиот шампионат за ривал го имаше незгодниот состав на Рико Рибница и успеа да триумфира.

Избраниците на Стојановиќ со подобрата игра во вторите 30 минути дојдоа до победа од четири гола разлика, 31:27, а на полувреме имаа негатива од 17:16.

За Тимо Требње ова беше 13-ти сезонски триумф и со новите бодови се зацврсти на 3. позиција на табелата.

Тимот на Стојановиќ сега има 28 бодови на табелата, додека на второто место засега е Слован со 29, а лидерот Целје има 33.