Блесок на Кузмановски, Кувајт Спорт клуб ќе игра полуфинале на Азиското првенство!

Тимот на Кувајт Спорт Клуб каде што капитенот на Македонија, Филип Кузмановски, обезбеди место во полуфиналето на Азиското клупско првенство.

Кувајт Спорт Клуб загуби од Шаржа со 30-28, но и тоа беше доволно за место во ТОП 4 и битка за титула.

Блескава партија имаше Кузмановски, кој успеа да погоди дури седум пати во противничката мрежа.

Катарскиот Ал Духаил, каде тренер на голманите е Петар Мисовски, славеше против Ал Араби со 25-20 и исто обезбеди полуфинале, а Ал Калиџ од Саудиска Арабија, за кој не играа Дмитро Горига и Кристијан Пилиповиќ загуби од Ал Наџма од Бахреин на Урош Митровиќ со 29-23.

Во полуфиналето ќе играат Ал Духаил против Бурган, односно Ал Калиџ против Кувајт Спорт Клуб.