Филип Кузмановски, Кристијан Пилиповиќ, Kосуке Јасухира и Дмитро Горига, со нивните клубови ќе се борат за титулата на Азиското клупско првенство.
Овие четворица ракометари имаа меѓусебни битки во Македонија до крајот на месец мај со Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид, а сега ривалството се пренесе во Кувајт и Саудиска Арабија.
Во првото полуфинале од денешната програма од 17:00 часот ќе се сретнат катарскиот Ал Духаил и Бурган на Јасухира од Кувајт, додека во второто полуфинале од 19:30 ќе играат Кувајт Спорт Клуб од Кувајт на Кузмановски и Ал Калиџ на Горига и Пилиповиќ од Саудиска Арабија.
Покрај Кузмановски, Македонија има уште еден претставник во полуфиналето – Петар Мисовски, кој е тренер на голманите во катарскиот тим Ал Духаил.
























