Тимот на Тримо Требње, каде што тренер е Раде Стојановиќ, ќе биде значајно засилен за продолжението од сезоната.
Во Требње пристигна повремениот словенечки репрезентативец Петер Шишко, кој ќе остане најмалку до лето.
Шишко минатото лето замина од Горење Велење во полскиот првак Висла Плоцк, но не ја доби посакуваната минутажа.
Во потрагата по подолго време на теренот, Шишко ќе се обиде да се наметне кај Раде Стојановиќ за словенечкиот плеј-оф.
Шишко потекнува од составот на Кршко, играше и МРК Љубљана, пред да се пресели во Горење, каде имаше одлични партии.