Стојаноски верен на Бутел Скопје – останува до 2027!

Чуварот на мрежата Александар Стојаноски и во наредните три сезони ќе го брани голот на Бутел Скопје.

Стојаноски по камбекот во Македонија од босанската Искра остави одличен впечаток, па раководството реши да му понуди нова соработка.

Покрај играчката кариера, Стојаноски веќе плови и во тренерските води. Тој е во стручниот штаб на Горан Кузманоски во младинската екипа на Бутел и работи со голманите.

Стојаноски во Македонија освен за Бутел Скопје има настапувано за Младост Богданци, Зомимак Струмица, Струга, Тиквеш, Борец и Јуниор Кисела Вода.

Оваа сезона го сочинува голманското трио во Бутел Скопје заедно со Бојан Блажески и Наум Симјаноски.