Холандскиот репрезентативец Лук Стеинс, иако има договор до 2026 со францускиот ПСЖ, би можел да си замине пред истекот на договорот.
Според „UpSkill“, Стеинс е интересен за бундеслигашот Рајн Некар Левен, кој имаше добар старт на сезоната, но сега заостанува зад водечките во Германија.
Рајн Некар Левен ќе остане без Јури Кнор, кој ќе го засили данскиот Алборг, па во Стеинс гледа адекватна замена.
Холандскиот среден бек е од 2016 во Франција, каде пред ПСЖ ги носеше дресовите на Маси, Трембле и Тулуз.