Машката репрезентација на Македонија денеска во 14:00 часот ќе го има собирот пред стартот на квалификациите за Европското првенство 2026 во Данска, Шведска и Норвешка.
Селекторот Кирил Лазаров повика 20 ракометари за оваа акција, а на списокот има дополнително и осум резерви во случај некој од повиканите да не може да настапи.
Македонија е во група со Словенија, Литванија и Естонија, а пласман на континенталниот собир обезбедуваат прво и второпласираните од квалификациските групи, како и најдобрите четири третопласирани од осумте групи.
Првиот натпревар Македонија го игра во СЦ „Борис Трајковски“ на 6 ноември против Естонија со почеток од 20:00 часот.
Втората средба од овие евро-квалификации е на програмата на 10 ноември во Виљнус со почеток од 17:00 часот.