Од денеска до вторник ќе бидат одиграни 12 натпревари од групната фаза во Купот на Македонија, по што ќе бидат познати патниците на завршниот турнир.
Во групата 1, натпреварите ќе се играат во вторник во Автокоманда, а фаворит за Ф4 е ланскиот освојувач на трофејот во Купот.
Во Битола ќе има двојна програма, ќе се играат групите 2 и 3, со Вардар и Еурофарм Пелистер како носители, се главните фаворити за место на завршниот турнир.
Таквата улога во групата 4 што ќе се игра во Охрид ја има домаќинот, особено откако го надигра Тиквеш среде Кавадарци.
Завршниот турнир во Купот ќе се одигра од 16 до 18 мај.
Куп на Македонија, групна фаза, распоред:
група 1 (сала Автокоманда)
29/04, 13:00, Алкалоид – Мулти Есенс
29/04, 15:30, Партизан Гевгелија – Пролет
29/04, 20:00, финале
група 2 (сала Боро Чурлевски)
27/04, 11:00, Еурофарм Пелистер – Куманово
27/04, 13:30, Радовиш – Струга
27/04, 18:30, финале
група 3 (сала Боро Чурлевски)
26/04, 11:00, Борец – Еурофарм Пелистер 2
26/04, 13:30, Вардар – Бутел Скопје
26/04, 19:00, финале
група 4 (сала Билјанини Извори)
27/04, 11:00, Прилеп – Охрид
27/04, 13:00, Тиквеш – Аеродром
27/04, 19:00, финале