Стартни победи за Германија, Норвешка и Шпанија во олимписките квалификации

Денеска стартуваа натпреварите од квалификациите за пласман на Олимписките игри во Париз.

Во воведните три натпревари на победа се радуваа репрезентациите на Германија, Норвешка и Шпанија.

Германија немаше никакви проблеми против незгодниот Алжир, триумфираше со 41:29 (16:13) во натпревар од втората група.

Избраниците на Алфред Гисласон за следен ривал ја имаат Хрватска, која вечерва ќе игра против Австрија.

Норвешка ја совлада Португалија со 32:29 (18:13) и си направи голем исчекор кон зацртаната цел.

Скандинавската селекција на Европското првенство во јануари беше поразена од Португалија со 37:32.

Репрезентацијата на Шпанија за утрешниот дуел со Словенија се загреа со лесна победа над Бахреин од 39:27 (18:11).