Големо внимание во австриската јавност привлече остриот старт на хрватскиот интернационалец Иван Хорват на четвртфиналниот натпревар од плеј-офот меѓу Брегенц и Алпла Хард.
Тој доби суспензија од 26 месеци од австриската федерација, откако беше проценета намера во неспортскиот фаул по кој противничкиот играч Маркус Мер заврши во болница со повеќе скршеници на носот, а крв имаше насекаде на теренот.
Во 42. минута од двобојот, при резултатот 20-20, Хорват со рака го удари во лицето Мер, кој падна како покосен. Судиите веднаш покажаа црвен картон, а потоа и син картон бидејќи оценија дека се работи за груб неспортски старт.
Хорват се огласи по мечот, призна дека погрешил, но тоа нема да му ја намали казната од 26 месеци, што значи дека нема да игра ракомет најмалку до 1 јули 2027 година.
Тој играше за Бјеловар, Вараждин, Фленсбург, а долги години е член на Алпла Хард.
View this post on Instagram