Европскиот првак Барселона ја забележа втората победа во групите од Лигата на шампионите, откако го доби „мечот на неделата“ на гостински терен кај францускиот Монпелје со 28-27.
Барселона подобро го отвори натпреварот против Монпелје, но францускиот состав успеа да направи пресврт и да поведе со 11-9. Сепак, каталонците одговорија со иста мерка и до крајот на првото полувреме повторно ја преземаа контролата, па на пауза имаа плус три, 18-15.
Монпелје не се предаде и во второто полувреме успеа да ја направи завршницата неизвесна, но Барселона го издржа притисокот и славеше со 28-27. Најефикасен во победничкиот состав беше Дика Мем со пет погодоци, додека кај Монпелје се истакна Вијмино со седум гола.
Партизан запиша втор пораз по оној дома од Фуксе Берлин, откако загуби на гости кај Порто со 32-28.
Порто од самиот почеток наметна своја игра. Португалскиот тим во првото полувреме и имаше контрола врз резултатот, а во еден момент стигна и до највисоки плус шест (15-9). До паузата Партизан успеа делумно да ја намали негативата, но Порто на одмор замина со водство од 17-14.
Во вториот дел тимот на Раул Гонзалес се врати во игра и во еден момент намали на 27-25, но немаше сили за целосен пресврт. Мартинез беше предводникот на Порто со осум гола, додека повратникот во тимот на Партизан, Кулеш, беше најдобар кај гостите со седум погодоци.
На останатите натпревари од 2 коло, Магдебург убедливо го совлада Криенс Луцерн со 39-29, додека Скандерборг Архус и Динамо Букурешт одиграа нерешено 25-25. Во данскиот состав се истакна Лерке со шест гола, а по пет за гостинскиот состав постигна Вујовиќ и Ленброх.
Кај Магдебург на голот блескаше Мандиќ со 15 одбрани, а по пет гола дадоа Саугструп, Клар и Лагергрен, додека Шелкер постигна седум погодоци за швајцарскиот состав.
Лига на шампиони, 2 коло:
група А
Порто – Партизан 32-28
Фуксе Берлин – Веспрем 29-34
група Б
Висла Плоцк – Мелсунген 25-24
Вардар – Нант 32-33
група Ц
ПСЖ – Загреб 34-30
Целје – Алборг 26-36
група Д
ГОГ Гудме – ПИК Сегед 36-34
Кристијанштад – Спортинг Лисабон 29-37
група Е
Монпелје – Барселона 27-28
Архус – Динамо Букурешт 25-25
група Ф
Колстад – Келце 29-36
Криенс Луцерн – Магдебург 29-39
























