„Среќен сум во Вардар, сакам да останам“

Средниот бек Косуке Јасухира има договор со Вардар како позајмен играч од Висла Плоцк на една сезона.

Двата клуба имаат договор дека македонскиот клуб ќе има приоритет доколку сака да го откупи неговиот договор.

Но, Висла сега се предомислува и го сака Јапонецот назад во своите редови, а „црвено-црните“ сакаат да го задржат. Желба и на Косуке е да остане во Скопје.

„Сакам да останам во Вардар, но ситуацијата е тешка. Висла сега сака да се вратам назад, а јас не го сакам тоа, сакам да останам. Сега останува да видиме дали Вардар и Висла ќе успеат да се договорат. Среќен сум тука. Играм, имам добри пријатели. Со Карапале сме другари уште од СП, одржавме контакт, а сега и играме заедно. Не знам што ќе се случува. Доколку не успеат клубовите да се договорат не сакам да се вратам во Полска. Тие имаат три плејмејкери и ќе нема минутажа за мене. Ќе се обидам да одам во некој друг клуб.“

Целосното интервју со јапонскиот ракометар во вардаровите редови прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ КОСУКЕ ЈАСУХИРА: Самурајот кој сонува да игра во ЛШ