Хрватскиот тренер Драган Јерковиќ е ново име во стручниот штаб на Кирил Лазаров и ќе биде задолжен за работата со чуварите на мрежата во сениорската репрезентација на Македонија.
Јерковиќ зад себе има богато интернационално искуство, како и искуство во германската Бундес лига.
Во изминатите две сезони беше тренер на голманите во Рајн Некар Левен, а од сезоната 2026/27 својата кариера ја продолжи во Ерланген.
„Голема чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од македонската репрезентација во квалификациите за Европското првенство, како и на Светското првенство во Германија. Повикот од мојот поранешен соиграч и пријател Кирил Лазаров едноставно не можев да го одбијам. Македонија е репрезентација која има посебна емоција и огромна желба за напредок, а ракометот во оваа земја е повеќе од спорт – тој е дел од нејзината традиција и идентитет. Особено ме радува работата со нашите голмани, бидејќи сметам дека имаме одличен спој на искуство и младост. Верувам во нивниот потенцијал и сигурен сум дека со заедничка работа можеме да направиме голем исчекор и да оствариме добри резултати. Ќе дадам се од себе со моето искуство и знаење да ѝ помогнам на репрезентацијата и заедно да завршиме добра работа. Со нетрпение ги очекувам предизвиците што се пред нас и се што не очекува“, изјави Јерковиќ.
Тој ќе го замени досегашниот тренер на голманите Нинослав Павелиќ, кој ќе продолжи со работа во швајцарскиот Кадетен Шафхаузен.
Македонија во октомври ја чека стартот на квалификациите за ЕП 2028, а веќе во јануари настапот на СП 2027 во Германија.
























