Србите го „запукаа“ Вујовиќ: Човек што не ја почитува химната и знамето не може да биде селектор

Ракометната куќа на Србија се огласи со соопштение посветено на некогашниот селектор на Македонија и тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ.

РСС се најде повикан да реагира на последните изјави на Вујовиќ и не бираше зборови да го оцрни неговото име.

„Веселин Вујовиќ веќе две децении на сите начини го валка и руши угледот на нашиот спорт. РСС истакнува дека се работи за човек кој не бира средства, се обидува да се наметне и да ја преземе репрезентацијата на Србија. Сакаме да ја запознаеме јавноста зошто никогаш не е земен во предвид од 2006 година. Некој кој сакаше да го намести и продаде мечот на ЕП во Швајцарија, и на сето тоа ги наведуваше и репрезентативците, не може и никогаш да седи на клупата на Србија! Епилог на неговите „дилови“ е тоа што нашата земја засекогаш остана без двјаца најдобри голмани во светот – Арпад Штербик и Данијел Шариќ, кои поради Вујовиќ не сакаа да го облечат дресот со најсветлиот грб. Тој човек не ја почитува химната, ниту знамето на нашата земја и никогаш нема да биде на клупата на „орлите“. Човек кој е склон на тепачки, суспензии, валкани работи, кој нас толку многу пати не засрами, не може и нема да биде вклучен никогаш во работата на РСС. Своите фрустрации може да ги искажува на друг начин, а не преку медиумите критикувајќи ги сите институции во земјата која му пружила се, а на која и се „оддолжи“ со предавство. Уште еднаш РСС сака да се огради од сите изјави и гнасни зборови кои ги изнесе Вујовиќ, човек што ниту во еден моменти не ја испочитува нашата химна, нашето знаеме и интегритет…“, се вели во соопштението на РСС.

Веселин Вујовиќ во моментов е селектор на Катар, кој го водеше и на Мундијалот во Данска, Хрватска и Норвешка.