Србија со лекција за Аргентина, Шпанија киксна против Јапонија

Женските репрезентации веќе ги започнаа подготовките за Светското првенство, а дел од нив одиграа и пријателски натпревари.

Србија на турнирот во Шпанија на стартот ја совлада убедливо Аргентина со 28-18, а најдобри стрелци во составот на Урош Брегар беа Јована Јововиќ со шест и Александра Стамениќ со пет погодоци.

Ривалот на Македонија во квалификациите за ЕП 2024, Шпанија, на домашниот турнир загуби изненадувачки од Јапонките со 31-29, па селекторот Амброш Мартин ќе има што да поправа во играта пред Мундијалот.

На „Трофеј Карпати“ во Романија, домаќинот и селекцијата на Австрија веќе имаат по две победи над Португалија и Швајцарија и ќе се борат за првото место.

На „Постен Купот“ во Норвешка, домашните ракометарки и Полска отворија со триумфи, додека на турнирот од „Златна лига“ во Франција, домаќинките исто така имаа успешен старт против Сенегал, а Јужна Кореја го победи Камерун.

Пријателски натпревари, резултати:

Австрија – Португалија 32-20
Романија – Швајцарија 33-28
Полска – Исланд 29-23
Норвешка – Ангола 32-24
Чешка – Норвешка Б 26-31
Швајцарија – Австрија 33-34
Аргентина – Србија 18-28
Јужна Кореја – Камерун 27-21
Шпанија – Јапонија 29-31
Шведска – Германија 30-33
Романија – Португалија 32-22
Словачка – Норвешка Б 20-34
Франција – Сенегал 32-19