Србија ќе игра на СП, Шпанија ја елиминира Хрватска!

Денеска се одиграа преостанатите натпревари од реваншите за пласман на Светското првенство 2025, кое ќе се одржува во Холандија и Германија.

Репрезентацијата на Србија обезбеди мундијалска виза по триумфот над Словенија од 33:31. На првиот натпревар, кој беше одигран во Словенија, немаше победник.

Најзаслужни за победата на Србија беа повратничките во репрезентативниот табор – Катарина Крпеж (8 гола), Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ (7 гола), како и искусната голманка Катарина Томашевиќ, која натпреварот го заврши со девет интервенции.

Освен Србија, пласман од поранешна Југославија обезбеди и репрезентацијата на Црна Гора, која двапати триумфираше против Португалија, 30:26 и 31:19.

Хрватска не успеа на гостувањето во Шпанија да дојде до победа, или пак да обезбеди реми за учество на Светското првенство.

По победата во Копривница од 27:26, избраничките на Ивица Обрван во Шпанија беа поразени со 23:17.

Пласман на Мундијалот обезбедија уште Фарски Острови, Исланд, Шведска, Австрија, Романија, Швајцарија, Чешка, Полска…

Бараж натпревари за пласман на СП 2025:
Швајцарија – Словачка, 38-22, 30-24
Италија – Романија, 21-30, 17-31
Полска – Македонија, 22-18, 23-21
Шведска – Косово, 51-16, 43-24
Словенија – Србија, 29-29, 31-33
Португалија – Црна Гора, 19-31, 26-30
Фарски Острови – Литванија, 36-26, 29-30
Чешка – Украина, 35-19, 26, 27
Хрватска – Шпанија, 27-26, 17-23
Австрија – Турција, 36-29, 30-25
Исланд – Израел, 39-27, 31-21