СП 2023: Конечно радост и за Србија, Сенегал обезбеди главна рунда

По добрата партија против Данска и лошата против Романија и двата порази за Србија на Мундијалот, конечно малку радост за избраничките на Урош Брегар.

Србија славеше против Чиле со 30-16 и обезбеди место во главната рунда на СП. Сепак и покрај високата победа, сепак Србинките се мачеа во првиот дел и дваесетина минути Чиле имаше егал.

Стамениќ погоди седум пати во голот на јужноамериканскиот ривал, додека Радевиќ и Радосављевиќ имаа по четири гола.

Сенегал ја победи Кина со 22-15 и покрај Шведска и Хрватска е третата селекција од оваа група што ќе игра во главната рунда на СП.

Кина иако имаше амбиции да биде во следната фаза, ќе мора да се задоволи со играњето во Президент Купот.

СП 2023, резултати:

Србија – Чиле 30-16
Кина – Сенегал 15-22