СП 2023: Франција е првиот полуфиналист, Чешка беше немоќна

Репрезентацијата на Франција е првиот полуфиналист на Светското првенство 2023, кое се одржува во Данска, Шведска и Норвешка.

Франција за ривал во четвртфиналето ја имаше репрезентацијата на Чешка, која во својот состав има неколку ѕвезди.

Французинките триумфираа со 33:22 и обезбедија пласман меѓу најдобрите четири светски репрезентации.

Чешка иако даде отпор во првиот дел, на пауза имаше негатива од 18:16, сепак Франција во вториот дел ја демонстрираше разликата во квалитет и немаше поголеми проблеми за да дојде до победа.

Најефикасна во победничката репрезентација беше Нзе Минко со пет погодоци, по четири реализации имаа Тубланк и Валентини.

Кај Чешка прв стрелец беше Маркета Јерабкова со шест погодоци, но членката на Икаст немаше голема поддршка од останатите колешки.