СП 2023: Чешка приреди сензација, ја нокаутира Шпанија

На денешните натпревари на Светското првенство 2023 кои беа одиграни во терминот од 18:00 часот, на победа се радуваа репрезентациите на Чешка и Франција.

Чешка приреди сензација, откако славеше над „црвената фурија“ со 30:22 (13:9) и влезе во трката за пласман во четвртфиналето.

Први стрелци во победничката репрезентација беа Маркета Јерабкова со девет и Шарлот Чолевова со осум погодоци, а во поразениот табор со шест погодоци најефикасна беше Паулина Буфорн.

За Чешка ова беше втора победа во главната фаза, по стартната над Украина, односно четврт триумф на Мундијалот.

Ракометарките на Чешка во последното коло од главната фаза ќе се соочат со Бразил, додека Шпанија ја очекува дуел со холанѓанките.

Франција го доби дуелот со Јужна Кореја, триумфираше со 32:22 (17:12) и за момент го презеде лидерското место во втората група.

Во последното коло од главната фаза Франција ќе се соочи со Норвешка, која вечерва во терминот од 20:30 часот ќе игра со Словенија