Сорендо потпиша за турскиот Бешикташ

Легендарниот француски ракометар Седрик Сорендо го напушти романскиот Динамо Букурешт и ќе има нов предизвик во кариерата.

Кружниот напаѓач потпиша договор со турскиот Бешикташ и ќе игра во овој клуб најмалку до крајот на сезоната.

Во Бешикташ на линијата настапуваат полскиот интернационалец Матеуш Пиечовски и Алжирецот Хишем Кабеше.

Сорендо ќе биде од голема помош за турскиот тим во Европскиот Куп, каде што Бешикташ во осминафиналето игра со унгарскиот Ференцварош.

Французинот играше за ПСЖ и Барселона пред да дојде во Динамо, а со националниот тим освои Олимпијада, четири титули на СП, две на ЕП, а има и три титули од Лигата на шампионите.