Nenad SOSTARIC during the Women’s EHF EURO 2020 Norway, Denmark, Preliminary Round, Group C, Hungary vs Croatia, Kolding Arena, Kolding Denmark, 04.12.2020, Mandatory Credit © Stanko Gruden / kolektiff

„Сопругата излезе од станот кога почнав да урлам пред телевизорот“

Репрезентацијата на Хрватска не успеа да оствари забележителен успех на Европското првенство во Германија и настапот на континенталниот собир го заврши на 11 место.

Хрватска пласманот во главната фаза на континенталниот собир го обезбеди со победите над Шпанија и Романија, а во последното коло одигра нерешено со Австрија.

Сепак, избраниците на Перковац во главната фаза потфрлија и беа поразени од Франција, Унгарија и Исланд, додека во последното коло триумфираа над Германија.

Тренерот на Загреб, Ненад Шоштариќ, во подкастот на „Спортске Новости“ изјави дека најмногу нервозен бил за време на дуелот со Унгарија.

,,Мојата сопруга излезе од станот кога почнав да урлам пред телевизорот, а јас почнав да урлам затоа што еден Бодо трипати по ред со лажен скок-шут мина низ средината на нашата одбрани и ни даде гол. Ова е неверојатно, бидејќи се работи за човек кој е висок 2 метри и тежи повеќе од 100 килограми. Во подготовките за натпреварот рековме дека Унгарците се бавни и дека треба да ги прегазиме. Тоа што Бодо и Банхиди играа скоро 60 минути, тие се многу тешки и бавни, а ние не го искористивме тоа и така Унгарија дојде до предност”, изјави Шоштариќ.

Хрватска бидејќи не ја оствари зацртаната цел на ЕП, ќе мора преку квалификации да брка пласман за Олимписките игри во Париз.