Францускиот ПСЖ славеше со 31-26 во натпреварот против македонскиот првак Еурофарм Пелистер во четвротото коло од Лигата на шампионите.
Еден од најдобрите во победничкиот состав беше полскиот кружен напаѓач Камил Шипжак со седум погодоци.
По натпреварот со пелистерци, Шипжак го користеше јавниот превоз во француската метропола.
Таму имаше средба со некогашниот играч на битолчани, а сегашен тренер во младинската екипа на Еурофарм Пелистер 2, Фарук Мемиќ.
Мемиќ е во посета на градот на светлината, па имаше случајна полноќна средба во јавниот превоз со Шипжак, кој го користи јавниот превоз наместо автомобил.