Словенија ни направи услуга: Македонија останува во трка за второ место!

Селекцијата на Словенија и покрај тоа што играше со третиот состав, успеа да слави убедливо на гостувањето кај Литванија со 31-28. Оваа победа не само што и го донесе првото место на Словенија, туку и ја остави Македонија во игра за второто место во групата.

Сега момците на Кирил Лазаров мора да слават над Естонија било каква победа и над Литванија најмалку со три гола за да бидат сигурно втори. Словенија е прва со 10 бода, Литванија втора со шест, додека Македонија има шанса утре да освои уште два и да има четири бодови.

Словенците ја најавија победата уште по првиот дел кога беше 18-12, а второто полувреме го одработија само рутински.

Најдобри стрелци во тимот на Зорман беа Цокан и Мливиќ со по шест гола, а блескаше голманот Вујовиќ со 12 одбрани, додека кај Литванците се истакнаа Думчиус и Малашинскас со по шест гола.

Унгарија ја победи Словачка со 39-24 и го потврди пласманот на ЕП, а Австрија славеше кај Турција со 34-29 и се најде на чекор до континенталниот собир.

Квалификации за ЕП, резултати:

ЛИТВАНИЈА – СЛОВЕНИЈА 28-31
СЛОВАЧКА – УНГАРИЈА 24-39
ТУРЦИЈА – АВСТРИЈА 29-34
18:45 ЛУКСЕМБУРГ – ЧЕШКА
19:00 ШВАЈЦАРИЈА – ГЕРМАНИЈА
20:00 БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА – ИСЛАНД
20:10 БЕЛГИЈА – ХРВАТСКА

ЕХФ Евро Куп, резултати:

18:15 НОРВЕШКА – ДАНСКА
19:00 ШВЕДСКА – ФРАНЦИЈА