Машката репрезентација на Словенија имаше успешна проверка пред СП против селекцијата на Катар.
Словенците славеа против азиската репрезентација предводена од нивниот екс селектор Веселин Вујовиќ со убедливи 38-30.
Иако по првиот дел беше само 16-15 за избраниците на Зорман, сепак во вториот дел комплетно го надиграа ривалот во чиј состав беше и Рафаел Капоте, кој беше неизвесен за настап на СП.
Словенците ќе играат против Алжир и Хрватска, а на Мундијалот се во група со Исланд, Куба и Зеленортски Острови, додека Катар ќе игра против Франција, Кувајт и Австрија.