Новиот шампион на Словенија, Горење Велење, ќе претрпи измени во играчкиот ростер, односно ќе се засили со најмалку шест ракометари.
По завршената сезона во словенечкиот шампионат, тимот на Зоран Јовичиќ го напуштија Јан Тајник, Аљаж Верботен, Бранко Предовиќ, Петар Шишко, Ибрахим Хасељиќ и Матич Вердинек.
Левото крило Матич Вердинек реши на 30-годишна возраст да ја заврши својата кариера, додека останатите петтмина одлучија дека им е потребен нов предизик.
Трансфер од соништата направи левиот бек Петар Шишко, кој од следната сезона ќе настапува за полскиот шампион Висла Плоцк.
Горење засега ги има потврдено трансферите на двајца ракометари – средниот бек Тине Поклар и кружниот напаѓач Анже Благотиншек.