Тимот на Слован Љубљана, кој во следните четири сезони ќе биде предводен од актуелниот селектор на Словенија, Урош Зорман, донесе уште две засилувања за новата сезона.
Станува збор за хрватскиот кружен напаѓач Илија Брозовиќ и словенечкиот среден бек Јака Малус, кои до минатата сезона настапуваа во Бундес лигата.
Иако Брозовиќ, кој играше за Кил и Хановер, беше „веќе виден“ како член на Динамо Букурешт, сепак се реши да ја прифати понудата од Љубљана.
Малус по две сезони минати во Гепинген и претходно три во Мешков Брест, се враќа во татковината каде го носеше дресот на Целје.
Претходно Слован Љубљана се засили со голманот Алјаж Пантјар, десниот бек Гашпер Храстник, левото крило Ади Мехмедјехајиќ и десното крило Николас Цорцинис.