Следниот турнир „Миле Нешкоски“ во Универзалната сала во Прилеп?

За 2-3 месеци би требало да се потпише договорот меѓу Прилеп и Јавното Претпријатие во Прилеп за добивање на „Универзална Сала“ на користење, и следниот меморијален турнир „Миле Нешкоски“ би требало да се игра токму во култната сала во градот под Марковите кули. Ова го изјави Никола Чадамов, претседателот на прилеп во гостување во емисија на радио Пела.

Традиционално ракометнот турнир се игра на крајот на август, и веќе има и меѓународен карактер со учество на екипи од странство.

Една деценија салата во Прилеп во која играше клубот е затворена и не се користи. Потребно е добивање на дозвола со која ќе се потврди дека е безбедно користењето на делот кој води кон трибините, попознат како „тераса“. Главниот спонзор на клубот сака да ја добие салата на користење или под концесија и да се вложи во нејзино оспособување.

„Првично ќе има адапптација, санирање на оние најпотребни делови. Има забелешки за терасата која води до трибините, тоа е средишниот дел, тие се нотирани како проблем. Има многу за работа и внатре, бидејќи салата била затворена десет години. Треба да се санира паркетот, осветлување, рефлектори, санитарии, соблекувалните, темелко чистење на салата. Има работа, но првично треба да се добие одобрени и после да се работи во салата“, вели Чадамов.

Тој потврди дека планот е долгорочно да се вложува во салта, но постепено на годишно ниво за да може да се има добри услови за тренирање и играње натпревари.
Прилеп во моментов игра во мала сала во „Ричко“ која не ги задоволува условите за врвен ракомет, и има и мал капацитет за публика. Во Универзалната сала во Прилеп во минатото се играа мечеви од Супер лигата, Купот, и настапуваше и репрезентацијата на Македонија.