Ракометарот и капитен на Тиквеш, Страхиња Симиќ, беше успешено опериран на рамото и веќе го започнува процесот на рехабилитација.
Повредата на рамото беше од посериозен карактер, па мораше да биде извршен хируршки зафат што успешно беше реализиран во Општата Болница Уна во Белград.
Симиќ повредата на рамото од шутерската рака ја заработи во месец август на еден од натпреварите на традиционалниот турнир во Струга.
,,Ви благодарам на сите за поддршката во изминатите денови, искрено, многу ми значеше. Сега сум eдen ден поблиску до целта и враќањето”, напиша Симиќ на социјалните мрежи.
Искусниот среден бек се чувствува добро по операцијата, а наскоро би требало да се знае кога ќе биде неговиот камбек на тереноте.