Новиот суперлигаш Бисинов од Велес работи на формирањето на играчкиот мозаик за следната натпреварувачка сезона.
Левите бекови Филип Сиљанов и Илија Табаков ја продолжија верноста кон клубот и за следната сезона.
Двајцата имаа голема улога во победничката низа во прволигашката конкуренција и пласманот во елитната конкуренција.
Претходно велешани го донесоа првото засилување и го вратија во своите редови десното крило Мартин Димов.
Продолжени беа договорите и со десното крило Никола Димитров и кружниот напаѓач Александар Стојменов.