Сигурдсон на последниот тајм-аут: Еб*те ги судиите, еб*те ги сите!

Хрватска не успеа да приреди сензација во финалето на Светското првенство во Осло и загуби од Данска со 32-26.

Големо внимание привлече последниот тајм-аут на хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон на три и пол минути до крајот.

Тогаш беше јасно дека Хрватска ќе го загуби натпреварот, а во нападот пред тајм-аутот на Сигурдсон на Данците им беше досуден седмерец. Тогаш двајца хрватски репрезентативци беа исклучени поради приговор.

„Да го завршиме мечот со високо кренати глави. Играјте добар ракометот, пуштете ги судиите на мир. Еб*те ги судиите, еб*те ги сите“, им кажа Исланѓанецот на ракометарите.

За Хрватска ова беше четврто сребро на Мундијалите, на кои досега имаат освоено и злато и бронза.