Сигурдсон ги разочара Јапонците, ќе стане селектор на европска земја!

Исландскиот стратег Дагур Сигурдсон повеќе не е селектор на машката сениорска репрезентација на Јапонија и наскоро се очекува тој да го преземи кормилото на „коцкестите“.

Јапонската ракометна федерација веќе објави дека Сигурдсон нема повеќе да ја извршува селекторската функција, а според хрватските медиуми, искусниот тренер е на чекор да стане првиот странец-селектор на Хрватска.

,,Оваа вест дојде во време кога сметавме на сериозен напредок. Ние не ни помислувавме дека ова може да се случи”, изјавија од јапонската ракометна куќа.

Сигурдсон со Јапонија обезбеди пласман на Олимписките игри во Париз, додека Хрватска ќе мора преку квалификации да бара билет за да учествува на најголемата спортска манифестација.

Хрватска на олимписките квалификации ќе игра во група заедно со Германија, Австрија и Алжир. Најдобрите две репрезентации ќе се пласираат на Олимписките игри во Париз.