Денеска се одиграа четири пријателски натпревари на репрезентациите кои во овој период се подготвуваат за настап на Олимписките игри.
Шведска го совлада Египет со 32-26, oткако и на полувремето имаа плус два, 17-15. Избраниците на Глен Солберг поведоа со 5-1 и 6-2 и понатаму се чинеше дека ќе биде полесно но не беше така.
Во вториот дел Египет успеа да направи комплетен пресврт и поведе со 24-21, но Швеѓаните не се откажаа, погодија пет пати во серија за 26-24, па до крајот рутински ја задржаа предноста. Шест гола за победникот имаше Ване, додека по четири гола за „фараоните“ дадоа Јахја и Хешам.
Данска по првиот убедлив триумф над Аргентина од десет гола, денеска славеше со уште поголема разлика, 34-20.
По вчерашниот пораз, женската репрезентација на Норвешка, денеска и се одмазди на Данска, и тоа со камата откако славеше со 35-24, додека Холанѓанките беа подобри од Кореја со 26-24.