Машката репрезентација на Македонија денеска го игра петтиот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2026. Избраниците на Кирил Лазаров ќе и гостуваат на Естонија во Талин, а мечот ќе започне од 18:00 часот во салата „Калев“.
Словенците ја одработија својата задача, славеа кај Литванија со 31-28 и сега момците на Кирил Лазаров мора да слават над Естонија било каква победа и над Литванија најмалку со три гола за да бидат сигурно втори.
Македонија и Естонија досега одиграле шест натпревари во квалификации за големите натпреварувања, а нашата селекција има четири победи, но само една е на гостински терен. Во другите две пресметки, натпреварите завршиле реми.
Тоа сега воопшто не ни одговара, па Кирил Лазаров и неговите избраници мора да слават на гостувањето во Талин за да останат во трка за второто место и пласман на ЕП.
Словенија е прва со 10 бода, Литванија втора со шест, додека Македонија има шанса утре да освои уште два и да има четири бодови.
Меѓусебни натпревари на Македонија и Естонија:
11.01.2006 Кера, Естонија – Мкедонија, квалификации за СП 30-30 (13-20)
15.01.2006 Охрид, Македонија – Естонија, квалификации за ЕП 44-29 (20-18)
27.11.2008 Скопје, Македонија – Естонија, квалификации за ЕП 31-22 (13-8)
29.11.2008 Полва, Естонија – Македонија, квалификации за ЕП, 28-28 (15-15)
27.10.2010 Скопје, Македонија – Естонија, квалификации за ЕП, 30-25 (16-10)
08.06.2011 Полва, Естонија – Македонија, квалификации за ЕП, 25-31 (8-14)