Што е следно за Македонија на СП: Кореја, па Египет или Кина

Откако загубија со 26-23 од селекцијата на Црна Гора, македонските младинки ќе разигруваат за пласман од 13 до 16 место на Мундијалот во Скопје.

Прв ривал во таа битка ќе ни биде селекцијата на Јужна Кореја, а мечот ќе се игра утре од 15:45 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Доколку избраничките на Дарко Јанев победат ќе играат на 28 јуни против победникот од дуелот меѓу Египет и Кина од 13:30 часот на истото место.

Доколку загубат одат на мегдан на поразениот од Египет и Кина во битка за 15 место на 28 јуни од 15:45 часот.

Македонија во прелиминарната рунда ги победи САД и Ангола, загуби од Исланд, а во главната рунда ремизираше со Португалија и беше поразена од Црна Гора.