Мартин Поповски и Арау се пласираа во ТОП 16 во Купот на Швајцарија

Тимот на Сур Арау, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, се пласираа во осминафиналето на Купот на Швајцарија.

Сур Арау славеше на гостински терен кај составот на Син Тајгерс со 27-19, а на паузата водеше со 10-7.

Поповски беше меѓу најефикасните во победничката екипа и успеа да постигне четири гола во противничката мрежа.

Сур Арау во ТОП 16 ќе биде заедно со најдобрите швајцарски екипи Криенс и Кадетен, потоа Сент Гален, Берн, Винтертур…