Митревски и Тодоровски на нова евро-задача, ќе судат во Лигата на Европа

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите во третото коло од Лигата на Европа.

Македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија нова задача од европската куќа на ракометот.

Битолчаните ќе го судат натпреварот во Шведска меѓу составот на Хамарби и францускиот тим Сен Рафаел.

Овој натпревар е закажан за 13 октомври од 18:45 часот во „Ериксдалсхален“ во Стокхолм, а делегат ќе биде Исланѓанецот Халдорсон.