Шпанија без Барбоса и Гутиерез на СП!

Репрезентацијата на Шпанија, која на Светското првенство 2019 стигна до сребро, ќе биде ослабена на Мундијалот во Данска, Шведска и Норвешка.

Една од најдобрите ракометарки на позицијата лев бек и колешка на Ива Младеновска во Брест Бретањ, Александра Барбоса, нема да настапи на Светското првенство, кое стартува на 29 ноември.

Според информациите од шпанската ракометна куќа, 37-годишната ракометарка не била подготвена за настап на Мундијалот и поради тоа си заминала од подготвителниот период, во кој „црвената фурија“ имаше неколу тест дуели.

За време на подготовките се повреди искусната Џенифер Гутиерез, па така селекторот Амброш Мартин ќе мора да најде соодветни замени за двете споменати ракометарки.

Шпанија на Светското првенство 2023 е во група со Бразил, Украина и репрезентацијата на Казахстан.