Шпанец седнува на клупата на Турција?

Ракометната федерација на Турција во следниот период треба да го промовира новиот селектор на машката сениорска репрезентација.

Како што е познато, откако Турција беше елиминираа од Италија во квалификациите за настап на СП 2025, отказ доби довчерашниот селектор Окам Халај.

Според информациите на порталот „Hentbolhaber“ нов селектор на Турција ќе биде Даниел Гордо.

Шпанецот моментално нема репрезентативен ангажман, на почетокот на оваа сезона седна на клупата на Адемар Леон.

Гордо во својата тренерска кариера беше главен тренер на египетскиот Ал Ахли, белорускиот шампион Мешков Брест, Нава од Шпанија….