Селекторот на Шведска, Микаел Апелгрен, многу веројатно ќе повика нов играч меѓу кружните напаѓачи за настап на СП 2025.
Пикерот на Магдебург, Оскар Бергендал, се повреди на натпреварот со Гумерсбах од Бундес лигата и го чека подолга пауза од терените.
Според информациите што ги објави бундеслигашот, станува збор за повреда на скочниот зглоб што ќе го оддалечи Бергендал три месеци од терените.
Тоа значи дека кружниот напаѓач нема да настапи на претостниот Мундијал во Данска, Хрватска и Норвешка.