Шок за Мелсунген пред гостувањето во Скопје

Бундеслигашот Мелсунген, кој е лидер на табелата по 11 одиграни натпревари, го доживеа вториот сезонски пораз.

На гостувањето кај Ајзенах, Мелсунген загуби со 32-31, а јунак на домашниот тим беше хрватскиот среден бек Филип Вистороп.

Избраниците на Роберто Парондо претходно стигнаа негатива од минус два, 30-28, при 31-31 имаа и напад, кој не заврши успешно.

За домаќините останаа уште неколку секунди, Вистороп шутираше од тешка позиција, но Симиќ не беше внимателен и прими гол.

Сепак и покрај поразот, Мелсунген останува лидер на табелата со 18 бода, но сега само со два, односно три бода предност пред Хановер, Фленсбург и Фуксе Берлин, кои имаат и меч помалку.

Tимот на Парондо доаѓа во вторник во Скопје на меч со Вардар од Лигата на Европа, но тој ќе биде без резултатско значење, бидејќи македонскиот тим веќе нема шанси за прогрес.