Репрезентацијата на Хрватска во второто коло на Европското првенство имаше лошо издание против Австрија, одигра само реми, 28:28.
По фуриозната победа над Шпанија на стартот од континенталниот собир, избраниците на Горан Перковац на вториот натпревар одиграа далеку под своите можните.
Еден од најдобрите поединци во редовите на „коцкестите“, десниот бек Иван Мартиновиќ во дуелот со Австрија заработи тешка повреда.
Мартиновиќ во текот на 48 минута, при водство на Хрватска од 21:20, незгодно падна, откако беше фаулиран и се пожали на голема болка во десното рамо.
Според изјавата на селекторот Горан Перковац, настапот за Мартиновиќ на Европското првенство е веќе завршен.
,,Најголема штета за нас, загубивме екстра играч, можеби ќе треба дополнително да повикан нов играч, имам уште еден левучар, тоа е Матео Мараш, тој и Лука Кларица можат да го покријат неговото отсуство“, изјави Перковац.
Хрватска за ривал во последното коло од групната фаза ја има Романија, која беше поразена од Австрија и Шпанија.