Шок за Франција – се повреди Мем, Жил веднаш повика нов ракометар

Домаќинот на Олимписките игри, селекцијата на Франција, се соочува со голем проблем пред стартот на натпреварувањето.

Десниот бек Дика Мем, заработил повреда на шутерската рака, а иако прегледот не покажал скршеница, сепак мора да му биде имoбилизирана следните денови.

Затоа селекторот Гијом Жил не сакаше да ризикува и го повика Кентан Мае да тренира со националниот тим во последната фаза на подготовките.

Дали Мем ќе биде подготвен навреме за стартот на Олимписките игри или ќе пропушти дел од натпреварите останува да видиме.