Светската ракометна федерација ги додели двете вајлд-карти што и беа на располагање за претстојното Светско првенство во Германија.
Спротивно од очекувањата, тие двете покани за Мундијалот отидоа во рацете на Турција и Саудиска Арабија.
Иако сите ги „видоа“ вајлд-картите кај Унгарија, Австрија или Швајцарија, можеби Црна Гора, сепак тоа не се случи.
Светската ракометна куќа ги изненади сите со ваквата одлука и сигурно ќе биде предмет на реакции допрва.
Сепак Турците вложуваат подолго време во ракометот, лигата секоја сезона е се подобра, доаѓаат повеќе странци…па заслужено добија шанса за првпат да се појават на СП.
Ждрепката за групната фаза ќе биде утре од 17:00 часот во Минхен, а Македонија е во вториот шешир.























