Десното крило на ЦСКА Москва, Данил Шишкарев, е прогласен за најдобар ракометар за сезоната 2023/24 во руското првенство.
Некогашниот ас на двократниот европски првак Вардар, немаше голема конкуренција и во изборот на читателите на „Брз Центар“, тренерите и играчите стана МВП.
Шишкарев освои 507 поени на првото место, неговиот соиграч од ЦСКА Москва, Јулијан Гирик, имаше 496 бода, додека трет беше Александар Ермаков од Чеховски Медведи.
Рускиот репрезентативец по петте сезони минати во Вардар, беше дел од Веспрем, а одигра две сезони и во Чеховски Медведи, пред да се пресели во ЦСКА Москва.